Промени тема
Контакт

„Пудлица на Заев“, „македонска Кончита“, „лавчиња“ - жестока расправија меѓу Ковачки и Апасиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
apasiev-kovaki

Пратениците Димитар Апасиев од Левица и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ јавно се скараа на социјалните мрежи. Се започна со објава на Апасиев во која тврди дека ВМРО-ДПМНЕ повлекло илјадници амандмани под притисок од амандмани поднесени од ДУИ. На ова возврати Ковачлки кој го нарече Апаиев „македонската Кончита“ (евровизискиот победник кој се облекува и претставува како жена).

„Вмроидите (Ковачки и Петрушевски) поднесоа илјадници амандмани на Законот за вработени во одбраната. И се сликаа, прописно. Рекоа дека додека не се донесе ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ, нема да го одблокираат тој за одбрана! ДУИ им врати со 10.000 амандмани, а Алијанса не им ја свика седницата на Комисија. ДПМНЕ рече "мјау" и ги повлече своите амандмани. Така заврши уште едно ку*чење на десните лавчиња“, напиша Апасиев.

— реклама —

На ова врати Ковачки.

„Македонската Кончита што беше дел од шарените „револуционери” и го донесе Заев на власт, за што професорот по право беше награден во неуставното СЈО директно под команда на госпоѓата што се продаде за тросед, двосед и фотеља, коментирал зошто сме ја повлекле блокадата на Законот за вработените во одбраната.

Пудлицата на однародените дезертери Заев и Ковачевски, што за случувањата од 2001 година слушал и гледал на ТВ, наместо да ги нападне ,,про-европјаните” ДУИ што го блокираа Законот за обештетување на семејствата на бранителите, повторно одработува за неговите стопани и прави политика од маката на семејствата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ покажа решеност да се реши ова горливо прашање кое никој не го покренуваше затоа што се плашеше да не им се налутат Ареберовци, Артанци и ним сличните. Апасиев што се клањаше на гробот на Енвер Хоџа, дојде ред да ме навредува и со својата лажна загриженост за бранителите од 2001 да ја покаже својата политичка шизофреност. Пепси генерација“, напиша пратеникот Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања