Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Пука ли тиквата меѓу НСДП и СДСМ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
434212440_728473352737184_7566182527108880512_n

Во неделата навечер, по митингот на Коалицијата за Европска Македонија во Струмица, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар на Собранието, Мики Милковски, се најде повреден од излагањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Милковски посочи дека не му е првпат на Ковачевски да ја споредува НСДП со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Оваа реакција доаѓа откако Ковачевски на митингот во Струмица посочи дека ЗНАМ е направена единствено за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и партијата НСДП во 2006 година. Милковски текстот го објави синоќа вечерта, но утринава, објавата ја нема на неговиот профил на „Фејсбук“.

— реклама —

„Бидејќи Димитар Ковачевски последниве денови милува да ја споредува НСДП со ЗНАМ, а денес во Струмица истакнал дека сме ‘минорен коалиционен партнер’, мислам дека се има збунето и го фаќа лоша еуфорија. На VI Конгрес на НСДП го промовиравме како лидер на Коалицијата за европска иднина и овие 550 делегати му ракоплескаа и му дадоа ветер во грб и секако имаше многу подостоинствена и демократска атмосфера од Конгресот на СДСМ, ама изгледа има кратка меморија“, напиша Милковски.

Говорејќи на митингот во Струмица за ЗНАМ на Максим Димитриевски, Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ, рече:

— реклама —

„Јас постојано говорев дека тој политички субејкт е направен единствено и само за лична корист и поддршка на ВМРО–ДПМНЕ. На истиот начин како што беше направен и политичкиот субјект НСДП во 2006 и Демократската Алтернатива во 1998 година. Последниве два што ги спомнав едниот не постои, а другиот е минорен коалиционен партнер на СДСМ. Бидејќи на крајот сите се враќаат таму од каде што потекнале. Затоа што предавникот не што не го сакаат дома, најмалку го сакаат таму кајшто отишол да предаде. Ќе ги гледате овие од ЗНАМ кога ќе ги стават во последна клупа во Собрание после 8 мај и со наведнати глави, не што ние нема да им правиме муабет, овие од ВМРО помалку ќе им прават муабет. Но на крајот и тие и нивните поддржувачи и оние кои се сѐ уште во нашите редови и кои што ликуваат на резултатот кои тие го освоиле, а нивните другари со кои седат на маса не го освоиле, на крајот ќе се соочат со реалноста. Ќе бидат отфрлени, ќе бидат заборавени и на крајот, повторно ќе треба да се вратат во СДСМ, како стожерна, најсилна и најголема и единствена социјалдемократска партија во Македонија“.

?t=3265

Мики Милковски инаку на листата во ИЕ 2 на коалицијата, се наоѓа на десетото место, што е недостижно за влез во Парламентот.

Од НСДП се уште нема друга реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања