Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пукаат бомби -Милошоски се јавувал во Врховен суд, тој пак го повика Заев да ги соочат бомбите на ТВ дуел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
milososki

Пет прислушувани разговори се објавени денеска на Јутјуб, на кои се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, како меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзан неговиот татко.

— реклама —

На една од снимките, објавени на Јутјуб каналот на ГолиТру, Милошоски му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не е баш поволна. Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша, Милошоски го добива од Вангеловски.

Пратеникот го повика лидерот на СДСМ, да ги соочат бомбите.

— реклама —

-Лицето ЗЗ нека повели со сите бомби што ги има за мене и јас сите што ги имам и ќе ги имам за него, да седнеме на ТВ дуел, било каде. Да ги соочиме аргументите , па потоа јавноста ќе пресуди и а и обвинителството ќе може да си реагира по допрен глас, изјави вечерва Милошоски во телефонско вклучување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

— реклама —

На прашањето дали пратеникот поседува уште бомби за Заев, Милошоски нагласи „дека се повеќе луѓе се охрабруваат и се обраќаат за да помогнат во нивната борба“.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања