Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пукал во полицаец, па се забарикадирал со трите деца: Крај на драмата во Дортмунд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM
unsplash

Заврши повеќечасовната заложничка драма во германскиот град Дортмунд, откако 51-годишен маж, за кого се верува дека е државјанин на Србија, утрово им се предаде на полициските сили.

Според германските медиуми, осомничениот во вторникот пукал кон полицаец, а потоа се забарикадирал во својот стан заедно со своите три деца.

— реклама —

Полицијата соопшти дека околу 3:30 часот по полноќ мажот доброволно излегол од зградата, по што бил уапсен без да пружи отпор.

Трите деца кои се наоѓале во станот не се повредени.

— реклама —

Полицаецот кој бил погоден во инцидентот поминал со полесни повреди благодарение на панцирот што го носел.

Драмата започнала откако сопругата на осомничениот повикала полиција и побарала помош. Кога полициските службеници пристигнале во станбено-деловна зграда во населбата Хехстен во Дортмунд, мажот наводно отворил оган кон нив, а потоа се затворил во станот со децата.

На местото биле испратени и специјални полициски единици, кои со часови преговарале со осомничениот.

— реклама —

Според полицијата, во ниту еден момент не постоела опасност за случајните минувачи.

Германскиот весник „Билд“ објави дека осомничениот претходно предизвикал инцидент во ресторан во Дортмунд, каде наводно им се заканувал на гостите и употребил бибер-спреј, по што избегал со автомобил.

— реклама —

Според истиот извор, за време на полициската потера испукал куршум низ прозорецот од возилото и погодил полицаец.

Овие информации засега не се официјално потврдени од германската полиција, која продолжува со истрагата за околностите на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20818949_1501000679965381_507792792927519963_o

Експлозија на гас на фестивал во Германија, десетмина повредени

Свет | пред 17 часа

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Два дрона забележани над германска воена база, полицијата отвори истрага

Свет | пред 1 ден

media-library4t30bmnihjpac1IWAiX

(Видео) Итен состанок во Германија по откриен дрон со експлозив на аеродром; се разгледува и можна руска вмешаност

Свет | пред 2 дена

media-libraryi1u3ojj2417q7pRe5zm

Сушата го наруши речниот транспорт во Германија, товарот ќе се пренасочува на патишта и железница

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања