Доцна синпќа во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“ е однесено едно лице со повреда од огнено оруже. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на „Пластичарската“ улица во Скопје после 21:30 часот.
Повредениот е сопственик на дуќан во кој влегле неколку непознати машки лица и ги нападнале двајцата синови на повредениот. Кога таткото дошол да види што се случува еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.
Се работи на расчистување на случајот.