Четириесет и осумгодишен скопјанец бил повреден со огнено оружје во близина на влезот во селото Арачиново, скопско.
Од МВР информираат дека на 8 септември околу 1:50 часот во СВР Скопје било пријавено од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот во Арачиново, откако од возило едно лице, кое му било познато, а било во придружба на уште едно лице, пукало кон него со огнено оружје.
Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.