Во едно кафуле во Атина синоќа се случил вооружен инцидент во кој беа повредени две лица, турски државјанин и полицаец, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а информацијата ја пренесе и агенцијата „Танјуг“.
Според изјави на сведоци, маж кој престојувал во кафулето, турски државјанин, излегол за момент да разговара со некого, но набрзо се вратил во паника, како да е следен. Набргу потоа, непознато лице пукало кон него, при што го погодило во нозете, а во исто време бил ранет и полицаецот кој, според информациите на Катимерини, е сопруг на сопственичката на кафулето. Засега не е прецизирано дали полицаецот бил на должност во моментот на инцидентот.
И двајцата повредени се префрлени во болница.
Осомничениот напаѓач, кој пеш побегнал од местото на настанот, се верува дека исто така е турски државјанин. Полицијата интензивно трага по него.
фото: Unsplash