„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
policija-brza-pomos

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.

— реклама —

„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.

На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.

— реклама —

Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Screenshot-2025-03-24-at-10.05.25

Двајца загинати во Волково, малолетник е повреден и во болница - детали од МВР

Две лица загинале, додека малолетник во релативно стабилна состојба е однесен во болница на лекување. Ова е епилогот од пукањето кое се случи утрово во скопско Волково, во општината Ѓорче Петров.„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.Малолетникот кој е повреден е пренесен на КАРИЛ и е во релативно стабилна состојба. Тој ќе биде пренесен на Клиниката за пластична хирургија за натамошно третирање.

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања