Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Пукањето прераснало во престрелка. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.
Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли , рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Во витална регија, било погодено лицето кое го придружувало. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.
Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
„Скопје1“ претходно објави и други детали.
Детали за пукањето во „Ист гејт“: Ранетиот Штекли сам возел кон болница, надзорните камери ги даваат одговорите за пукачите
Полицијата пристигнала на увид во трговскиот центар „Ист гејт“, каде имаше пукање, а ранет беше Раде Трајковски Штекли. Според извори на „Скопје1“, Штекли сам со свој автомобил се упатил во болница. Типот на повредата засега не се знае.Истовремено, улицата пред „Ист гејт“ е блокирана, а не се знае дали лицата кои со пиштол влегле во трговскиот центар се уапсени. „Скопје1“ дознава дека се проверуваат сите снимки од надзорните камери, преку кои се утврдуваат учесниците во пукањето.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.Повеќе:
Скопје | пред 2 години
„Ист гејт“ по пукањето: Продолжуваме со нормална работа, се врши увид
Од трговскиот центар „Ист гејт“ излегоа со соопштение по денешните пукотници.„Во врска со инцидентот кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот.Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, велат од „Ист гејт“.
Македонија | пред 2 години