Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пуроски: Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-15-08-19-12-00

Недомаќинското и неодговорно работење е синоним за Локалната власт на СДСМ. Трошењето народни пари за функционерите од СДСМ е аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација. Покрај останатите трошоци како рекламен материјал, најголеми се трошоците направени по хотелите и рестораните, истакна Јордан Пуроски од Ок ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните?

— реклама —

Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот?

— реклама —

Го охрабруваме да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги за 2018 година?

— реклама —

Бројките зборуваат дека од 57 илјади денари во 2017 година, расходите за репрезентација се зголемиле на 230 илјади денари во 2018.  Додека трошоците за репрезентација се зголемени за четирипати повеќе отколку во 2017 година никнуваат диви депонии на секој чекор, а контејнерите низ градот се преполни со ѓубре.

Зошто се’ уште градоначалникот Георгиески нема побарано одговорност и не го разрешува директорот Грданоски?

Георгиески и Грданоски цела летна сезона не можат се справат со запалената депонија Буково и за жал повторно одлагаат отпад на депонијата на Мауцкер. Охрид и охриѓани не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна Локална власт, истакна Јордан Пуроски од Ок ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања