Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Од денеска е пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека со овој концепт се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Резултатот на соработката е тоа сме сме тука заедно каде го означуваме стартот на работата на двете царниски управи, денес сме пример како треба да се однесуваат две соседни држави, со ова се олеснува работата на 11 000 компании кои се занимаваат со извоз, ние не застануваме тука, се работи и на нов коридор 8, нешто што во следните пет години ќе стане реалност, ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот, заедно со Италија, Бугарија и Албанија, коридор 8 може да добива финансирање од ЕУ, и работиме на изградба на железничка пруга меѓу Албанија и Македонија“, рече Ковачевски.

— реклама —

Како што вели тој, зголемена е соработката меѓу двете земји.

— реклама —

„Јас сум еден од оние кои повторуваат дека не ни требаат граници, она што следува е и зголемување на службениците на патарините и границите, со отворен Балкан 40 отсто е зголемена трговската размена меѓу Албанија и Македонија.  До се побрзо укинување на границите кога и Македонија и Албанија ќе станат членки на ЕУ“, додаде Ковачевски.

Вицепремиерот Груби рече дека е огромно задоволсто да се присуствува на овој настан и изрази огломно благодарност до Ковачевски и до царина, за овој значаен проект, за соработката меѓу Албанија и Македонија и посочи дека ова е само еден чекор кон надминување на сите пречки меѓу двете земји.

— реклама —

На граничниот премин Ќафасан – Ќафтане е потпишан последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

Претходно беше потпишан Протоколот за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, односно поквалитетни услуги и побрз проток на стоки и патници.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања