Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пуштена во употреба реконструираната улица „7-ми Ноември“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid

Како дел од денешните теренските активности, градоначалникот Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски ја пуштија во употреба реконструираната улица „7-ми Ноември“. Оваа важна сообраќајница е изведена по сите современи стандарди и во голема мера ќе ги подобри условите за учесниците во сообраќајот.

— реклама —
— реклама —

Во рамки на проектот за реконструкција извршено е постaвување на нов асфалт на коловозната лента. Изведени се нови тротоарски површини, извршена е изградба на нова велосипедска патека и нова атмосферска канализација во должина од 700м. Поставена е нова мрежа за јавно осветлување и соодветна хоризонтална и ветрикална сообраќајна сигнализација. Исто така извршено е спуштање под земја на сите видови инсталации по целата должина на улицата. Вкупната вредност на оваа инвестиција е 43.240.288 денари, а средствата се обезбедени од Буџет на Општина Охрид.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот Пецаков информираше дека според планираното од септември, оваа година ќе започне реконструкција и на кружиот тек во близина на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ со што ќе се овозможат подобри сообраќајни услови на влезот во Охрид. Тој најави дека во тек е изработка и на проект за реконструкција на патниот правец од село Лескоец до село Косел со што ќе се комплетира сообраќајната мрежа во овој дел од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања