Промени тема
Контакт

Пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште „Гоце Толески“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
IGRALISTE-DRON-1-scaled-1

Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.

Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“  ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.

Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште едносовремено и целосно реконструирано спортско игралиште во нашиот град.

— реклама —

Спортската инфраструктура е основаза градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите.

Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца.

Ова игралиште под отворено небо, ќе биде место каде што децата ќе учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа.

Оваа можност ја користам да упатам, голема благодарност до општествено одговорната компанија „Моцарт“, чија инвестиција е позитивен пример како бизнис секторот може да даде свој придонес во локалниот развој.

— реклама —

Општина Охрид ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град кој ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња.

Посакувам ова игралиште да биде место на многу насмевки, позитивна енергија и место каде што ќе се изградат нераскинливи спортски другарства, истакна Пецаков.

Игралиштето беше официјално отворено со натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на „Некст левел“ и „Еуро фудбал“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 2 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања