Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин: Ако Зеленски сака – нека дојде во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-4124

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени својот престој во Кина како позитивен и корисен, нагласувајќи дека постигнал клучен договор за проектот гасовод „Силата на Сибир 2“ и дека разговорите со кинеското раководство биле многу продуктивни.

— реклама —

„Форматот на овие средби овозможи да разговараме за секоја тема, што е од големо значење“, изјави Путин, додавајќи дека гасоводот ќе создаде конкурентска предност за Кина, бидејќи ќе добива гас по пазарни, а не по вештачки надуени цени.

— реклама —

Прашан за мировни гаранции за Украина, Путин рече дека секој треба да има безбедносни гаранции, вклучително и Украина, но нагласи дека тоа не значи размена на територии.

„Не се бориме за земја, се бориме за правата на луѓето да зборуваат руски јазик и да живеат по своите традиции“, изјави тој, додавајќи дека се гледа светло на крајот од тунелот. Рускиот претседател повторно го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да дојде во Москва, доколку е подготвен за директни разговори.

— реклама —

Осврнувајќи се на состојбата на боиштата, Путин изјави дека руските сили напредуваат на сите фронтови, а Украина нема капацитет за офанзиви од поголем обем. „Можеби подготвуваат нешто, но според нашите експерти, украинската војска во моментов нема такви способности“, додаде тој. За западните санкции тврдеше дека настаните во Украина се само изговор за претходно подготвени економски мерки против Русија и други земји. „Тоа нас не нè засега,“ рече кратко.

— реклама —

Во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна завера меѓу Путин, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, рускиот лидер одговори со насмевка: „Трамп има добар смисол за хумор.“ Тој додаде дека никој во Кина за време на посетата не зборувал против Трамп и дека сите ја поддржале средбата во Анкориџ, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за крај на војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 9 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 17 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања