Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Путин денеска го слави 72 роденден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
putin

Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 72 години. Тоа ќе биде 21-ви пат како роденденот го слави на највисоката државна функција.

„Како и претходните години, шефот на државата ќе го прослави роденденот на работа. По правило, Путин почнува да добива честитки од странски лидери во вид на телеграми и телефонски повици наутро.

— реклама —

Во првата половина од денот се закажани бројни приватни средби. Во вечерните часови Путин ќе се сретне со шефовите на држави на ЗНД кои се собираат во Москва пред утрешниот самит“, пишува руската прорежимска агенција ТАСС.

— реклама —

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин не може да си дозволи ниту еден ден целосен одмор.

„Претседателот и во текот на денот нема одредено време за работа и одмор - доколку е потребно, поднесува извештаи и ноќе. Како резултат на тоа, Путин практично деноноќно е на должност“, рече Песков.

— реклама —

Во јавноста Путин не зборува за својот роденден.

— реклама —

„Тоа ми е роденден, тоа не е национален празник. Се чини нескромно да се преувеличува важноста на овој настан“, рече Путин, додавајќи дека роденденот го прославува со пријателите и семејството.

„И покрај презафатениот распоред, претседателот се обидува да остави барем една вечер за своето семејство. Меѓутоа, средбите со лидерите на земјите од ЗНД веќе станаа добра традиција“, пишува ТАСС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна: „Тоа е вистинската страна на историјата“

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryd9cg7rffn4g9dJVDmE6

Путин: Не сме против учеството на Европа во преговорите за Украина

Свет | пред 2 дена

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин добива дипломатска победа уште пред почетокот на средбата со Трамп и Си

Свет | пред 2 дена

media-librarys53mtao81ol89eofQSB

(Видео) Путин пристигна во Кина и се сретна со Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања