Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Путин до американските пратеници: „Пред да почнеме, пренесете му ги моите најдобри желби на Трамп“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на нападите врз Киев, кој ќе започне на полноќ, додека американската делегација, предводена од специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, престојува во Москва.

Одлуката на Кремљ доаѓа во време на разговорите за прекин на војната во Украина. Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, пристигнаа во Москва, каде што се сретнаа со Путин. По посетата на руската престолнина, тие треба да отпатуваат во Киев, што би бил нивен прв престој во украинската престолнина.

— реклама —

Од Кремљ нагласија дека прекинот на нападите се однесува само на Киев, а не на останатиот дел од Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека одлуката е поврзана со планираните контакти на американската делегација во Киев.

Путин, поздравувајќи ги американските претставници, испратил поздрави и благодарност до Трамп.

— реклама —

„Ситуацијата за која денес треба да разговараме, секако, не е едноставна. Но, пред да почнеме, сакам да ве замолам да му ги пренесете моите најдобри желби и зборови на благодарност на претседателот на САД, господинот Трамп“, рекол Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека разговарал со Виткоф и Кушнер и порача дека Украина е подготвена да ги прекине нападите врз Москва до понеделник, очекувајќи Русија да го стори истото со Киев.

„Од сега до крајот на сабота, како и во недела и понеделник, Украина е подготвена да се воздржи од напади врз Москва, а очекуваме Русите да го сторат истото кога станува збор за Киев“, навел Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека Киев е подготвен за „содржаен разговор“ со американските претставници.

Во меѓувреме, Зеленски соопшти дека руските сили погодиле два аеродрома во близина на Киев, меѓу кои и аеродромот во Бориспил. Тој оцени дека нападите можеби се поврзани со подготовките за посетата на американската делегација.

Трамп претходно ги опиша Виткоф и Кушнер како „одлични преговарачи“ и рече дека со себе носат предлог за завршување на војната. Од друга страна, Кремљ порача дека Москва не очекува нови идеи од американската страна.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков порача дека американската администрација мора да ја земе предвид „реалноста на теренот“, оценувајќи дека ситуацијата не се менува во корист на Киев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 17 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 20 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања