Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Путин, Ердоган и Моди на отворањето на Светските номадски игри во Киргистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Во Бишкек, главниот град на Киргистан, започнаа Шестите светски номадски игри, на кои учествуваат повеќе од 3.000 спортисти од 113 земји.

— реклама —

Свеченото отворање се одржа во „Бишкек арена“, а на настанот присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, индискиот премиер Нарендра Моди, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, белорускиот претседател Александар Лукашенко и други високи претставници.

— реклама —

На игрите се предвидени 43 спортски дисциплини, со кои се претставуваат културното наследство и традициите на номадските народи од Централна Азија. Меѓу дисциплините се стрелаштво од коњ, борење, фрлање копје, носење или подигање камења, како и симулација на лов со грабливи птици.

— реклама —

Светските номадски игри за првпат се одржале во 2014 година во Киргистан, а во 2021 година УНЕСКО ги вброил на своите списоци на нематеријално културно наследство.

Отворањето на игрите се одржа во пресрет на самитот на Шангајската организација за соработка, која главно ја сочинуваат азиски земји. Организацијата е формирана пред околу четвртина век по иницијатива на Кина и Русија, а денес има девет членки: Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран, Казахстан, Таџикистан, Узбекистан и Киргистан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања