Промени тема
Контакт

Путин: Има шанси за мировен договор меѓу Русија и Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека постои можност за постигнување мировен договор со Украина и ставање крај на војната. Путин ова го изјави денеска на Источниот економски форум во Владивосток, при што нагласи дека главната одговорност за постигнување решение е на Русија и Украина.

„Проблемот треба да биде решен од државите кои се во конфликтот – Русија и Украина. Тоа е вистинскиот начин. Благодарни сме им на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување договор. Има ли шанси? Според мене, да, има“, рече Путин.

— реклама —

Тој додаде дека повеќе држави, меѓу кои и САД и Кина, се подготвени да помогнат во постигнувањето и спроведувањето на евентуален мировен договор.

Путин истовремено оцени дека одредени неодамнешни потези на Украина ги отежнуваат изгледите за директни мировни преговори. Тој ги обвини украинските власти за „државен тероризам“ поради напади врз цивилни пловила и предупредувањата поврзани со безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај во рускиот воздушен простор.

Рускиот претседател потврди и дека контактите меѓу Москва и Киев продолжуваат, но рече дека најголем дел од нив се одвиваат преку разузнавачки канали.

— реклама —

Од украинска страна, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека мировните напори би можеле да добијат „нова динамика“, со обновување на активната политичка и дипломатска ангажираност во повеќе светски престолнини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2foj5fnu0h7n4XDeO0C

(Видео) Руски напад тешко оштети голем магацин за лекови во Украина: Штетата се проценува на десетици милиони евра

Свет | пред 1 час

media-libraryf232if6q0k6j31GkBXk

(Видео) Напад во срцето на руското летувалиште: Дрон експлодирал кај пристаништето во Сочи

Свет | пред 1 час

sergej-lavrov

Лавров: „Нема да трчаме по Европа и да молиме за укинување на санкциите“

Свет | пред 6 часа

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Русија одбива да плати 4,22 милијарди долари, Норвешка заплени руски брод

Свет | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања