Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските сили во следните три дена да се воздржат од напади врз Киев, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

— реклама —

Според Песков, наредбата важи од денеска и е поврзана со подготовката и одржувањето на средби на американски претставници во Киев.

„Рускиот претседател и врховен командант Путин издаде наредба руските сили да се воздржат од напади врз Киев три дена, почнувајќи од денеска. Ова е поврзано со подготовката и одржувањето на американските средби во Киев“, изјави Песков.

— реклама —

Во исто време, Путин треба да се сретне во Москва со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Американските претставници веќе пристигнале во руската престолнина.

— реклама —

Песков рече дека засега нема информации за нови предлози за решавање на конфликтот во Украина. Претходно и Трамп изјави дека нема нови идеи во однос на прекинот на конфликтот.

Кремљ најави дека јавноста ќе биде информирана за резултатите од средбата меѓу Путин и американските преговарачи.

Во меѓувреме, украински медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 септември до 8 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 18 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 21 час

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања