Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин по нападот во Луганск: Украинските војници стануваат соучесници во злосторства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да не ги слушаат наредбите на, како што рече, „режимот во Киев“, по нападот врз училиште во самопрогласената Луганска Народна Република.

Путин изјави дека украинските сили стануваат „соучесници во злосторства“ доколку продолжат да ги извршуваат наредбите од својата команда.

— реклама —

„Причините за однесувањето на режимот во Киев се очигледни. Тоа се постојаните неуспеси на фронтот, губењето позиции, градови и територии. Ситуацијата за украинските вооружени сили постепено од тешка и критична станува катастрофална“, изјави Путин на средба со учесници во програмата „Време на хероите“.

— реклама —

Според руската агенција ТАСС, во нападот врз училиште во Луганск загинале десет лица.

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република, Леонид Пасечник, соопшти дека во нападот со беспилотни летала врз училишен објект и интернат во Старобељск биле ранети најмалку 48 лица.

— реклама —

По нападот беше одржана и итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Русија.

— реклама —

Директорката на Одделот за кризни интервенции при Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Едем Восорну, изјави дека ситуацијата сè уште се развива и дека многу прашања остануваат неодговорени.

„Едно е јасно – цената што ја плаќаат цивилите во оваа војна покажува модел што е спротивен на меѓународното хуманитарно право. Цивилите мора да бидат заштитени“, порача Восорну.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 5 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 14 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања