Промени тема
Контакт

Путин полни 74 години: Како ги поминувал родендените низ годините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
1680805716_putin

Владимир Путин денес полни 74 години. Тој е роден на 7 октомври 1952 година во тогашен Ленинград, денешен Санкт Петербург. Најголемиот дел од своите родендени ги поминувал со државни обврски. Сепак, низ годините имало и неколку исклучоци кои привлекле големо внимание.

— реклама —

Еден од најзапаметените бил во 2014 година, кога Путин наполнил 62 години. Тогаш, за првпат откако е на власт, според руските медиуми, зел слободен ден и заминал во сибирската тајга, на 300 до 400 километри од најблиското населено место. Подоцна открил дека во текот на престојот пешачел речиси девет километри низ планински терен.

Само една година подоцна, роденденот го поминал во сосема поинаква атмосфера. На 7 октомври 2015 година имал државни обврски и разговори, а денот го завршил со настап на натпревар од Ноќната хокеарска лига во Сочи. Путин тогаш постигнал седум гола, а неговиот тим победил со 15:10.

— реклама —

Во неколку наврати роденденот го поминувал и надвор од Русија. Во 2002 година бил во Кишињев на самитот на Заедницата на независните држави, а во 2013 година на Бали, каде што учествувал на самитот на АПЕК. Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно го изненадил со песната „Среќен роденден“, кинескиот претседател Си Ѓинпинг му подарил торта, а јапонскиот премиер Шинзо Абе – саке.

— реклама —

Сепак, најчесто 7 октомври за Путин е работен ден. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјавил дека рускиот претседател практично не може да си дозволи одмор. Роденденот вообичаено го поминува со државни обврски, телефонски разговори и честитки од странски лидери, додека приватниот дел од денот го поминува со семејството и блиските.

И минатата година, на својот 73-ти роденден, Путин имал средба со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија, како и разговори со странски лидери.

— реклама —

Низ годините добивал и необични подароци – од книги и вино до животни и трактор. Меѓу нив биле кученца, тигар од Усури, а белорускиот претседател Александар Лукашенко еднаш му подарил сертификат за трактор „Беларус“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 5 дена

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 5 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 6 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања