„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Путин: Поради форсираното зачленување на Република Македонија во НАТО , беше покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
putin

Политиката на САД сериозно го дестабилизира Балканот, а Русија ќе продолжи со воено-техничката соработка со Србија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешната посета на Белград, во интервјуто за весниците „Политика“ и „Вечерни новости“.

— реклама —

Рускиот претседател одговарајќи на прашањето за дестабилирачката улога на Русија на Балканот, според западните политичари, даде оценка и за Македонија, дека постои силен надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.

Кога зборуваме за ситуацијата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката на САД и на некои западни земји, чија цел е зајакнување на нивната доминација во регионот. Уште во 1999 година, силите на НАТО без санкција на ОН два и пол месеци ја бомбардираа Југославија, а потоа насилно ја одделија автономната покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на независноста на Косово. Во 2017 година, и покрај ставот на половина од населението, Црна Гора беше вовлечена во НАТО. Беа исплашени од референдумот за ова прашање и како резултат на тоа, земјата сега минува низ период на политичка нестабилност, вели Путин.

— реклама —

Минатата година, наведува рускиот претседател, „поради форсираното зачленување во НАТО на Република Македонија, беше дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промена на името на државата, ревизија на основите на македонскиот национален идентитет“.

Путин додал дека била игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер -Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања