Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Путин поставил нов рок за освојување на Донецк: Аналитичарите не веруваат дека Русија ќе успее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

По средбата на Владимир Путин со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, од Кремљ стигнал сигнал дека Москва и натаму не отстапува од своите максималистички барања за завршување на војната во Украина.

— реклама —

Меѓу клучните барања е Украина да се повлече од целата Донецка област, вклучително и од териториите што во моментов не се под руска контрола. Според достапните информации и анализите на Институтот за проучување на војната (ISW), Путин на руските сили повторно им поставил рок до крајот на годинава за освојување на целата област.

Од ISW оценуваат дека ваквиот рок, како и тврдокорниот став на Путин во преговорите, може да се должат на искривена слика за состојбата на бојното поле.

— реклама —

„Руската војска систематски го дезинформира Путин за состојбата на фронтот, делумно поради широко распространетата култура на лажење во руските вооружени сили“, наведуваат аналитичарите.

— реклама —

Според нив, таквите информации можеби го зацврстуваат уверувањето на рускиот претседател дека руските сили можат да ги остварат неговите цели во Донецката област до крајот на 2026 година и дека поради тоа нема потреба да прави компромиси во преговорите.

ISW, сепак, изразува сериозен сомнеж дека руските сили можат да го исполнат тој план. Аналитичарите посочуваат на состојбата со украинската одбрана, ограничените офанзивни способности на руската армија и сложениот и пространиот терен што руските сили сè уште треба да го освојат.

„Руските сили нема да ја освојат Донецката област до 2032 година доколку продолжат со сегашната брзина на напредување, под услов воопшто да успеат да ја освојат“, заклучува ISW.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 8 часа

— реклама —
zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 1 ден

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: Обвинувањата дека Русија поттикнува немири во Европа се претерани

Свет | пред 3 дена

677z381_677z381_677z381_677z381_Vladimir-Putin-ANVAS025

Путин: Источна Украина е историски руска територија, подготвени сме за преговори - безбедноста на Европа мора да е дел од договорот

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања