Русија е чекор поблиску до создавање свој изолиран интернет, кој би бил целосно под контрола на државата. Баш како што најави, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој ќе се овозможи создавање национална интернет мрежа целосно одвоена од остатокот од светот.
Иако рускиот интернет моментално е само идеја на хартија, конечно беа откриени детали кои бо можеле да укажат на тоа како Русија планира да ја оствари идејата. Според документите објавени на страницата на руската влада, рускиот интернет би бил под надзор на руската телеокуминикациска агенција Roskomnadzor.