Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Путин повторно се пофали: Руската економија и натаму е меѓу најсилните во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и натаму се наоѓа на четвртото место во светот според бруто-домашниот производ (БДП), пресметан според паритетот на куповната моќ, веднаш зад Кина, Соединетите Американски Држави и Индија.

— реклама —

„Русија и понатаму според паритетот на куповната моќ е на четвртото место во светот, по Кина, САД и Индија. Четврта. И прва во Европа“, рече Путин на состанок со пратениците во Државната дума.

Осврнувајќи се на економскиот раст, рускиот претседател оцени дека земјата има повисока стапка на раст од Европската Унија, но предупреди дека постојат ризици поврзани со инфлацијата.

— реклама —

„Секако дека би сакале економијата да расте уште побрзо. Но, постојат ризици од раст на инфлацијата и последиците што таа ги носи“, изјави Путин.

— реклама —

Тој нагласи дека една од најголемите предности на Русија е отпорноста на нејзиниот економски и финансиски систем.

„Токму таа отпорност ни овозможува да решаваме различни прашања, да работиме на развојот на индустријата, вклучително и одбранбениот сектор, како и да ги решаваме социјалните прашања“, рече рускиот лидер.

— реклама —

Путин овие оценки ги изнесе по последната пленарна седница на Државната дума во нејзиниот осми состав, при што им се заблагодари на пратениците за, како што рече, ефикасната работа, зајакнувањето на државниот суверенитет и заштитата на националните интереси на Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 4 дена

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 5 дена

zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања