Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Путин пред утрешниот состанок на Алјаска: Администрацијата на Трамп вложува енергични напори за прекин на конфликтот во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
tramp-putin

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема „енергични и искрени напори“ за прекин на конфликтот во Украина и постигнување договори во интерес на сите страни, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со високи претставници на државното и владиното раководство во Москва.

„Како што сите знаат, тие, според мене, вложуваат доста енергични и искрени напори за прекин на конфликтите и кризата и за постигнување договори што се во интерес на сите страни во конфликтот, со цел да се создадат долгорочни услови за мир меѓу нашите земји, но и во Европа и светот како целина,“ рече Путин.

— реклама —

Тој најави дека ќе ги информира учесниците на состанокот за текот на преговорите околу украинското прашање, како и за моменталната фаза во односите меѓу Русија и САД. Рускиот лидер не ја исклучи можноста следната фаза од контактите со Вашингтон да биде постигнување договор за Новиот договор за намалување на стратешкото оружје.

Состанокот беше дел од подготовките за утрешните разговори на Путин со Трамп и американската делегација во Алјаска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања