Промени тема
Контакт

Путин призна: Украина создава сериозни проблеми длабоко во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно призна дека Русија се соочува со сериозни проблеми предизвикани од сè почестите украински напади длабоко во внатрешноста на земјата.

Говорејќи на конгресот на владејачката партија „Единствена Русија“, Путин изјави дека руските власти се свесни за проблемите и дека работат на нивно надминување.

— реклама —

„Да, ги гледаме проблемите, свесни сме за нив и одговараме на нив, но сигурно ќе ја обезбедиме безбедноста на земјата и на нашите граѓани, како и неповредливоста на руските граници“, рече Путин.

— реклама —

Тој додаде дека Русија минува низ „тешки времиња“, но нагласи дека Москва располага со доволно ресурси и политичка волја за да се спротивстави на сите предизвици.

Изјавата на Путин доаѓа само неколку часа по нов украински напад со беспилотни летала врз рафинеријата „Славјанск“ во Краснодарската област, каде што избувна голем пожар, а едно лице загина.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди одговорноста за нападот, како и за нападот врз уште една рафинерија во Јарославската област, која се наоѓа на околу 700 километри од украинската граница.

— реклама —

Во продолжение на говорот, Путин ги обвини западните земји за двојни стандарди, тврдејќи дека ги игнорираат украинските напади врз руската инфраструктура, додека истовремено продолжуваат со економските санкции против Москва.

Рускиот претседател најави и дека изборите за нов состав на Државната дума ќе се одржат во септември, како што е предвидено, и ќе бидат спроведени во согласност со законот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 2 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања