Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин: „Русија се бори за сегашноста и иднината, силна е и ќе остане силна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека придонесот на секој граѓанин е важен за заедничкиот успех на земјата, нагласувајќи дека Русија, според него, во моментов се бори за својата сегашност и иднина.

„За успешен и самоуверен развој на земјата неопходен е придонесот на сите – волонтерите, вработените во невладините организации и социјалните служби, раководителите, инженерите, работниците и, секако, претприемачите“, рече Путин на форумот „Силни идеи за новото време“ во Нижни Новгород.

— реклама —

Тој посочи дека Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината и повика искуството на војниците, стекнато во текот на Втората светска војна, да биде земено предвид при развојот на воените, цивилните и сродните технологии.

Путин нагласи дека во интерес на зајакнувањето на суверенитетот, Русија преку практични активности се стреми кон подобрување на благосостојбата на граѓаните.

— реклама —

„Русија е силна и ќе остане силна и во иднина“, порача рускиот претседател.

Тој истакна и дека државата и општеството имаат должност да овозможат секој ветеран од, како што руските власти го нарекуваат, „специјалната воена операција“, да продолжи да ѝ служи на татковината во економската, административната и социјалната сфера.

— реклама —

Путин додаде дека цела Русија, од Калининград до Владивосток, треба да има корист од домашниот развој. Според него, идеите и проектите на Агенцијата за стратешки иницијативи придонесуваат кон создавање нови можности за раст на регионите.

Рускиот претседател соопшти и дека ѝ наложил на Агенцијата за стратешки иницијативи да развие дополнителни поттикнувачки мерки за деловни вложувања во општествени проекти.

— реклама —

Путин денеска престојува во Нижни Новгород, каде што ќе посети нови објекти, фабрика за автомобили и производна линија на „Волга“, а се сретна и со гувернерот на регионот, Глеб Никитин.

Дводневниот форум „Силни идеи за новото време“, во организација на Агенцијата за стратешки иницијативи и Фондацијата „Росконгрес“, започна вчера, а завршува денеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-librarykhknj2k78jkk0C2FKUq

Повеќе од 850.000 луѓе во Украина останаа без струја по руските напади

Свет | пред 17 часа

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 1 ден

media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања