Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин сѐ поизолиран и под притисок, но не се откажува од војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин се соочува со растечка изолација, незадоволство меѓу елитите и економски проблеми, но и покрај тоа останува решен да ја продолжи војната во Украина, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ и западни разузнавачки служби.

Според европски разузнавачки извештаи, Путин последните недели наводно се засолнува во подземен бункер поради страв од атентат. Иако тврдењата за можен државен удар се оценуваат како претерани, соговорниците на британскиот медиум велат дека рускиот лидер влегува во најтешкиот период од своето владеење.

— реклама —

Извори од руските бизнис- и политички кругови тврдат дека меѓу елитата владее „длабоко разочарување“ од Путин и чувството дека земјата се движи кон катастрофа. Според нив, сѐ повеќе луѓе кои претходно го поддржувале Кремљ веќе не го бранат јавно.

— реклама —

Сепак, Путин и натаму верува дека Русија може да го заземе целиот Донбас до крајот на годината. Извори блиски до Кремљ велат дека руски генерали му испраќаат „разубавени извештаи“ во кои тврдат дека победата е неизбежна, иако ситуацијата на фронтот не го потврдува тоа.

Украински разузнавачки претставник изјавил дека во рускиот систем функционира култура на прикривање на реалната состојба. „Му лажат. Така функционира системот што самиот Путин го создаде“, рекол изворот.

— реклама —

Во текстот се наведува и дека Кремљ ја губи довербата во способноста на Доналд Трамп да изврши притисок врз Киев за територијални отстапки, додека Украина ја намалува зависноста од САД и ги зајакнува врските со европските сојузници.

— реклама —

Во меѓувреме, незадоволството во Русија расте поради инфлацијата, повисоките даноци и ограничувањата на интернетот и комуникациските апликации. Дел од руските функционери приватно предупредувале дека земјата станува „слична на Северна Кореја“.

И покрај тоа, аналитичарите сметаат дека евентуална закана за Путин би можела да дојде само од неговиот најтесен круг, а не од улицата. Според извори блиски до Кремљ, рускиот претседател и понатаму „цврсто ја држи контролата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 19 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања