Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin-094091

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.

На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.

— реклама —

Претседателот на САД вчера изјави дека неговиот руски колега се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.

„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.

— реклама —

Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.

— реклама —

По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија тврди дека нападнала четири украински брода и пристаништето Чорноморск

Свет | пред 8 часа

media-libraryqr45frrtd3gq0HYayZ4

(Видео) Руски дрон следел и нападнал продавач на зеленчук во Херсон, Киев зборува за воено злосторство

Свет | пред 12 часа

ruski-vojnik-rusija-

Руски војник отвори оган врз колеги и цивили, четворица загинати

Свет | пред 14 часа

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Русија го гони Apple: Не ги почитувал правилата за домашните апликации

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања