Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Путин: Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка би им одговарало на интересите на нашите народи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-1-1

Претседателот Стево Пендаровски  денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во сферите од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Баздникин разменија информации за состојбите во двете земји во контекст на пандемијата од КОВИД-19, како и за справувањето со последиците на здравстен, економски и на социјален план.

Амбасадорот Баздникин, во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември на претседателот Пендаровски  му предаде честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од рускиот претседател:

— реклама —

„ Почитуван господине Претседател,

Примете честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на независноста.

— реклама —

Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот.

Искрено Ви посакувам добро здравје и успеси, а на сите Ваши сограѓани мир и добробит.

— реклама —

                                                                                                                                                                    Со почит,

                                                                                                                                                                    В. Путин“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања