Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин: Западот ја предизвика оваа криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-31-at-09.54.04

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјанџин, зборувајќи за офанзивата на неговата земја во Украина, повторно го обвини Западот дека е виновен за започнувањето на конфликтот.

— реклама —

„Оваа криза не започна со нападот на Русија врз Украина, таа е резултат на државниот удар во Украина кој го поддржа и предизвика Западот,“ изјави Путин, мислејќи на протестите на Мајдан во 2014 година, по кои прорускиот претседател Виктор Јанукович ја напушти власта. Тогаш Москва го анектираше Крим и им даде поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, што доведе до избувнување на граѓанска војна.

— реклама —

„Вториот причинител на кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО,“ додаде Путин.

Тој зборуваше пред своите главни сојузници, меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг – домаќин на самитот, индискиот премиер Нарендра Моди и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. „Многу ги цениме напорите и предлозите на Кина, Индија и другите наши стратешки партнери кои сакаат да придонесат за решавање на украинската криза,“ нагласи Путин.

— реклама —

Иако американскиот претседател Доналд Трамп постојано повикува на договор меѓу Москва и Киев, разговорите остануваат без резултат. Путин одбива прекин на огнот и бара Украина да отстапи дел од територијата и да се откаже од западната поддршка – услови кои Киев целосно ги отфрла.

— реклама —

На маргините на самитот, Путин денеска треба да се сретне со претседателите на Турција и Иран, како и со индискиот премиер, додека утре во Пекинг ќе одржи билатерална средба со Си Џинпинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 8 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 21 час

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања