Работен состанок на министерот Чулев преку зум апликацијата со британската амбасадорка Галовеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_2125-1

Министерот Чулев денеска  преку зум апликацијата оствари работен состанок со британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Фокус на средбата беше справувањето со пандемијата од Covid- 19 и подготовката за парламентарните избори кои следат. Во таа насока од страна на министерот Чулев бea потенцирани мерките и активностите кои ги преземаат полициските службеници за спроведување на одлуките донесени од страна на Владата, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

— реклама —

Двете страни заеднички се согласија дека парламентарните избори што следат треба да бидат фер и демократски, и во таа насока неопходно е институциите да ги преземат сите мерки но  и протоколот кој ќе биде изготвен од нивна страна да кореспорендира со здравствената состојба во која се наоѓа државата, а истовремено и да гарантира заштита на здравјето на граѓаните.  Двете страни заклучија дека излезеноста на граѓаните на овие избори е важен фактор кој ќе ја гарантира нивната легитимност и легитимноста на владата која ќе треба да се формира по нивното завршување.

— реклама —

Министерот Чулев информираше дека Министерството за внатрешни работи веќе ги презема сите неопходни активности со кои ќе се гарантира безбедноста на избори, а во таа насока веќе е формиран оперативен штаб за нивно спроведување, а со кој раководи Директорот на Бирото за јавна безбедност.

— реклама —

На средбата стана збор и за прашањата поврзани со миграцијата, но и меѓусебната соработка кои двете страни ја имаат во изминатиот период на повеќе полиња, а на чие надоградување треба да се работи во периодо кој следува.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања