Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Работна средба на министерот Бајрам и градоначалничката Наташа Петровска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rabotna-sredba

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Музафер Бајрам, во придружба на пратеникот во Собранието на Република Македонија.

Самка Ибраимоски, одржаа работна средба со градоначалничката Наташа Петровска.

— реклама —

На работната средба беа разгледани актуелните состојби со ромското население во Општина Битола. Тие побараа од градоначалничката и од локалната самоуправа да преземат одредени мерки, со цел да бидат подобрени условите од инфраструктурен аспект. Aкцентот беше ставен на водоснабдувањето и електричната енергија во населбата Баир, каде што живее најголем дел од оваа популација.

Градоначалничката Петровска ги посочи проблемите со кои се соочува општината, а тука ја потенцираше и негрижата на локалното население кое ја оштетува водоводната мрежа и кое создава диви депонии. Таа нагласи дека за да се преземат конкретни мерки со водоснабдувањето и електричната енергија, мора пред сѐ да се уреди инфраструктурната слика и да се стави ред со дивите градби на објектите во овој дел од градот, до кои е практично невозможно да се донесе струја и вода по легален пат.

— реклама —

На средбата во присуство на претставници на невладиниот сектор, претставници од ЕВН Македонија и директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров, беа договорени натамошните чекори на соработка и подобрување на инфраструктурата во населбата Баир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања