Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Француската Република Тимоние

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
03

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Француската  Република  Н.Е. Кристиан Тимоние.

— реклама —

На средбата беа потврдени  пријателските  односи,  довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од взаемен интерес.

Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.

— реклама —

На средбата од  страна на двајцата соговорници беше истакнато дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во  државните институции на патот кон  Европската унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања