Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Работна средба на министерот за култура Адеми со амбасадорката на Австрија во Македонија, Коблер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

— реклама —

— реклама —

На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји.

— реклама —

Двајцата соговорници се согласија дека соработка постои во сите дејности од културата. Австриски уметници редовно се покануваат на меѓународните културни манифестации кои се одржуваат во Република Македонија, како Струшките вечери на поезијата, Охридско лето, Мајски оперски вечери и др, а постои и континуитет во претставувањето на македонските уметници во Австрија.

На средбата, стана збор и за реализацијата на традиционалниот Виенски бал во Скопје, кој ќе се одржи по 19-пат. На средбата, на која присуствуваше и Оливер Арсовски од организацијата на оваа манифестација, беше оценето дека Виенскиот бал во Скопје е манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од земјава и музиката на легендарната династија Штраус, речиси две децении години прават оригинален спој на културите на двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања