Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Работник загина откако беше удрен од дрво при нелегална сеча на над 30 кубни метри дрвна маса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3qs8ek0ebv29e6W3aTB
Илустрација / Скопје1

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ангажирал работници без склучени договори за работа и неовластено исекол 107 стебла бука и три стебла габер, односно вкупно 31,9 кубни метри огревна дрвна маса.

— реклама —
— реклама —

За време на сечата, работникот Р.Д. (46) од Скопје бил удрен од дрво, по што им подлегнал на повредите во Општата болница во Струга.

— реклама —

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, полициски службеници, претставници на Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за шумарство и Шумската полиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 6 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 7 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања