Рација во џамија во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
policija-germanija

Германската полиција денеска изврши претрес на неколку објекти во Берлин, меѓу кои и салафистичката џамија Ал-Сахаба. Според сомневањата, имамот финансиски поддржувал терористи во Сирија, објави Дојче Веле.

— реклама —

Поради сомневање за давање поддршка и финансирање терористи, берлинската полиција изутринава изврши претрес во салафистичката џамија Ал-Сахаб, во берлинската населба Вединг, и во неколку други објекти.

— реклама —

Во фокусот на истрагата е 45-годишниот Ахмад А., кој како имам во џамијата јавно настапува под името Абул Бараа. Обвинителството во Берлин на Твитер соопшти дека постои сомневање дека тој на џихадистички борец во Сирија му „испратил пари за купување оружје и опрема за извршување терористички кривични дела“.

— реклама —

Полицијата заплени компјутери, УСБ-стикови, хард-дискови и смартфони. Податоците кои се наоѓаат на нив сега ќе бидат анализирани, изјави портпарол на полицијата.

Џамијата Ал-Сахаба е предмет на набљудување на тајната служба поради тоа што е место на средби на радикални салафисти. Агентите на тајната служба во својот извештај за 2017 година пишуваат дека џамијата и здружението „Сопатници“ со години се едни од најпознатите салафистички институции во Берлин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања