Претседателот на Бугарија, Румен Радев е дециден дека неговата земја нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите во Македонија.
Според него Македонија сама се заглавила на патот кон Европската Унија затоа што, како што тврди не сака да ги исполни критериумите за членство.
„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите, а тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во Уставот заедно со другите државотворни народи”, порача Радев од Хрватска, каде е во официјална посета.
Бугарија, изјавил, не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.