Радикалните протести за Палчо останаа само најава, но се нижат заговорите и обвинувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
palco-grupa

Големите и радикални протести пред Амбасадата на САД, како и блокирањето на улици во Скопје – остана само најава во групата за поддршка на осомничениот Љупчо Палевски, именувана како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Профилот „Тони Десна“ кој ја креираше групата – не е активен со објави од четвртокот (7 декември). Во саботата, немаше никој на најавениот протест, а во групата, продолжија заговорите за наводно „местење“ на Палчо.

— реклама —

И покрај трите признанија од осомничените кои ги дале пред МВР и обвинител, а за нивните улоги во киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во групата тие се посочуваат како невини лица.

„Невини луѓе ќе лежат за СДСМ и ВМРО“, пишува во една од објавите.

— реклама —

Ако се анализираат објавите, може да се донесе заклучок дека досега, скоро сите се поставени од профили кои немаат име и презиме, туку псевдоними. Ретки се тие кои не се лажни, а поставуваат објави. Еден од тие ги обвинува медиумите дека шират хистерија, споредувајќи ги известувањата за убиствата со промената на државното име.

„Толку голема хистерија по медиумите да се правеше кога се променуваше името на државата, името никогаш немаше да се промени! Кој ги плаќа и колку се платени медиумите за да ја продуцираат оваа хистерија?“, стои во една од објавите.

Главните тези кои се поставуваат во групата се дека Палевски не е убиецот, како и дека станува збор за монтиран случај.

Претходно, во групата имаше објава во која се посакуваше смрт за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. МВР кажа дека се работи на расчистување на тој случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања