Радио Слободна Европа/Радио Либерти најави дека на 31 март 2026 година ќе ги затвори својата редакција на македонски јазик.
Одлуката ја соопшти претседателот и извршен директор на организацијата, Стивен Капус, кој посочи дека станува збор за тешка, но неопходна мерка поради финансиските услови во кои работи медиумот.
„Затворањето на овие два сервиси е загуба за публиката на која ѝ служат. Но, тековната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува да направиме приоритети во распределбата на ресурсите. Оваа одлука е донесена со длабока почит кон работата на овие тимови и стандардите на извонредност што ги одржуваа“, изјави Капус.
Радио Слободна Европа со децении беше дел од медиумскиот простор во Македонија, со фокус на информирање, истражувачко новинарство и следење на политичките и општествените процеси.