Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Радуловиќ: На Боки 13 му дадов пари за да ни купи скапи лекарства, а му помагав и телевизијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Bojan-Reket

Српскиот продуцент и композитор Александар Фута Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ, денеска сведочеше на судењето за случајот “Рекет”.  Тој е на предлог на одбраната односно предложен од адвокатот на Боки 13.

— реклама —

Радуловиќ кажа дека на Бојан му дал пари за да им донесе лекарства од Милано.

-На вечерата во мојот дом беше моето семејство и Бојан со неговата мајка Јасмина, нејзината кума и возачот Тони. Тогаш зборувавме за скапите лекарства кои и беа потребни на мојата сопруга од странство, и гардероба, за што имаа исти интерес со Бојан. Таа поради болеста ослаби многу и мораше да набави нова гардероба, а бидејќи по тоа прашање се сродни души, требаше да ја купи Бојан. Тој требаше да оди во Милано и требаше да ја направи набавката, рече Радуловиќ.

— реклама —

Сведокот во продолжение на својот исказ потенцираше дека со Бојан Јовановски не е скаран, туку дека се добри пријатели со него и неговото семејство.

Радуловиќ рече дека во изминатите две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ.

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања