Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Рај на земјата: Солено езеро што исчезнува во лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-library65jmp791ddbp7LVSyYx
фото: unsplash

Соленото езеро покрај аеродромот во Ларнака во текот на летото речиси целосно исчезнува, а во зима се претвора во блескава лагуна која претставува омилено живеалиште за фламингата.

Плитките води на езерото се идеално место за исхрана на фламингата и едно од најзначајните живеалишта на Медитеранот за овие птици.

— реклама —

Според легендата, езерото настанало по клетва. Свети Лазар наводно проколнал лозје на жена која одбила да му даде вода, по што на тоа место се создало соленото езеро.

— реклама —

Краткото, но живописно шеталиште покрај езерото води до џамијата Хала Султан Теке – елегантен османлиски верски објект опкружен со палми, кој важи за една од најубавите џамии на Кипар.

— реклама —
media-library8r8d481ukrgi45O85C8

Прекрасните зајдисонца и романтичната атмосфера му даваат посебен шарм на ова место, особено затоа што долж патеката има поставено клупи каде посетителите можат да седнат и да уживаат во природата.

Комплексот се состои од четири меѓусебно поврзани солени езера, а во летните месеци водата речиси целосно испарува, оставајќи зад себе бел слој сол кој создава нереален пејзаж. Токму поради тоа езерото го добило своето име. Некогаш ова место било важно за експлоатација на сол на Кипар.

Во зимскиот период соленото езеро станува големо живеалиште за бројни преселни птици. Посебно внимание привлекуваат фламингата, кои секоја година пристигнуваат во илјадници и стануваат еден од заштитните симболи на Ларнака. Периодот од ноември до март се смета за најдобар за набљудување на овие птици и фотографирање на природата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqa7rm7f59kbn8vogiiP

Телото на руски бизнисмен пронајдено на плажа на Кипар

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryagrg0kfi9hjjfbK06Xg

Сахарска прашина го покри Кипар, здравствените власти повикуваат на претпазливост

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrhb35n7d2hhg2iaAZqD

Никозија прогласена за најдобра европска културна дестинација за 2026 година

Медиасет | пред 3 месеци

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар од денеска го презема претседавањето со Европската унија

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања