Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани за несовесно работење во службата. Истрагата покажала дека во рок од три години од ловиштето „Осогово“ во Кочани, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“ исчезнале 333 грла заштитен дивеч, покажа пописот на комисијата на шумското стопанство „Осогово“ во Кочани.
Штетата што е направена на оваа ловиште е во периодот од 2015 до 2018 година, а изнесува 1.840.000 евра.
Поради негрижата за дивечот 53 годишен раководител на ловиштето „Осогово“ во Кочани денеска заработи кривична пријава. Според портапролот на СВР-Штип, во кривичната пријава стои дека раководителот поради пропуштање на должен надзор несовесно постапил во извршување на своите овластувања и должности, поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето.