„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Раководител на ловиште го оштетил буџетот на ЈП „Македонски шуми“ за повеќе од 113 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
paridenari1

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

— реклама —

Пријавениот во периодот од 2015 до 2018 година, како раководител на ловиште во Подрачното шумско стопанство „Осогово“ - Кочани во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето во Кочани.

Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен  дивеч, утврдено од страна на пописна комисија од ПШС „Осогово“, со што го оштетил ЈП „Македонски шуми“- Скопје за износ од 113.221.500 денари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања