Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Раководството на ВМРО ДПМНЕ во Париз се сретна со членовите на Францускиот Сенат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.

— реклама —

Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е олсободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.

— реклама —

Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности, истакна на средбата Мицкоски.

Воедно Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања