Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Рама и Тачи се за бришење на албанско-косовската граница и припојување на Прешевската Долина кон Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
taci-rama-1

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во Тирана каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони,што ќе се одржи утре во Тирана, попладнево оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.

— реклама —

На својот Фејсбук профил, Тачи напиша дека со премиерот Рама зборувале за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање „еден албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор“.

Исто така, зборувале и за „корегирање на историските неправди“ и припојување на Прешевската Долина кон Косово.

— реклама —

– Имав средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, разговаравме, меѓу другото, за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор. На оваа средба ја покренавме потребата да ги корегираме историските неправди со обединување на албанскиот фактор околу сензибилизирање на правото за припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со територијата на Република Косово – напиша Тачи.

Тачи претходно се сретна со албанскиот претседател Илир Мета, а според медумите ќе се сретне и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. 

Плусинфо.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања