Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Рама: Победи Албанија и европската иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
rama

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по затворањето на гласачките кутии одржа прес конференција каде изјави дека на локалните избори победила иднината, а изгубила опозицијата.

— реклама —

Опозициските партии инаку ги бојкотираа изборите.

-Изминативе месеци на политички поделби беа инспирирани, охрабрени и организирани со цел да се спречи напредокот кон Европа, кон демократско обединување и кон интегрирање на Албанците. Иднината, државата и надежта победија денеска. Албанија и европската иднина победија денеска – рече Рама.

— реклама —

Тој и се заблагодари на меѓународната заедница, а испрати и порака на извинување. Според Рама, претставници од меѓународната заедница биле навредени од опозицијата.

-Ви благодарам САД, ЕУ, ОБСЕ и сите други од демократскиот свет кој придонесоа за оваа битка. Не само благодарам, туку имам и извинување до пријателите од странство кои беа предмет на срамен напад. Тие напади не посрамотија како земја и како народ. Нов ден ќе се роди сега и ќе ја најде Албанија ослободена од кошмарите – рече Рама.

Инаку, излезноста на изборите е 21,6 отсто, односно гласале 771.863 гласачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања