Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Рама: Вчера Мета го изгуби правото да остане во таа канцеларија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
edi-rama-696x523

Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека претседателот на Албанија, Илир Мета го изгубил правото да остане во својата канцеларија. Според него, одлуката за откажување на изборите кои беа закажани за 30 јуни не е последното чудо на Илир Мета, нагласувајќи дека такви ситуации ќе има се повеќе.

– На опозицијата вчера како спасител ѝ се појави Претседателот на републиката, предупредувајќи дека планот е политичко самоубиство, законски е ништовен, не постои и е морално срамен. И немојте да бидете изненадени ако ви кажам дека од фронтот на спасувачот на опозицијата, се уште не сте виделе ништо. Тоа не е последната лудост, ќе има повеќе. Едно е сигурно, дали Сали сака или дали Љулзим сака или не, изборите ќе се одржат на 30 јуни. Уставот на републиката не е филџан што се превртува. Изборите не се дното на турското кафе кое се превртува со се филџанот. Вчера Илир Мета ја напиша својата судбина како претседател, кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија – предупреди шефот на албанската владата Еди Рама пренесе „Топ Чанел“.

— реклама —

Инаку претседателот на Албанија, Илир Мета, синоќа ги откажа локалните избори од 30 јуни, поништувајќи ја својата одлука од минатиот ноември.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања