Рамковниот договор во Уставот – изненадување или прагматизам?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
44149956_308171456676666_2823516525502136320_n

Ќе се задржи ли двотретинското мнозинство во Собранието и кои делови од амандманите се најголемо изненадување за јавноста. Ова се најпоставуваните прашања по објавувањето на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија кои на пленарна седница ќе се најдат на 1 декември. Собраниската Комисија за уставни прашања, пак ќе ја започне својата работа уште в среда, неделава.

— реклама —

Два од нацрт-амандманите се однесуваат на замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект, а во Преамбулата на Уставот се заменуваат одлуките на АСНОМ со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, додека во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

— реклама —

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека вградувањето на Охридскиот рамковен договор во преамбулата е најголемото изненадување.

— реклама —

-Овие две измени можеме да ги толкуваме како политички прагматизам, неопходни за владиниот партнер за да се обезбеди 2/3 мнозинство. Има критични точки кај албанските партнери како БЕСА или Алијансата на Албанците, но тоа е мал ризик кој верувам дека нема да си го дозволи ниту една партија од албанскиот блок. Не верувам дека никоја партија нема да дозволи таа да биде единствената која би го попречила влезот на Македонија во НАТО, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Според текстот на вториот нацрт амандман на Уставот, усвоен од Владата согласно Договорот од Преспа и заклучоците на Собранието, во Преамбулата на Уставот се заменуваат зборовите „одлуките на АСНОМ“ со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што кажа премиерот Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција. Во манифестот се повикува на обединување на Македонците под Бугарија и Грција и бришење на границите кои разделиле брат од брат.

„Заради тоа што би предизвикало одредени проблеми тоа ако остане во одредени можни идни времиња на соработката помеѓу Македонија и Грција. Зошто е тоа така? Дел од одлуките на АСНОМ велат Македонци од Грција и Бугарија обединете се. Тоа не е пријателство. Прогласот го нема тој дел“, изјави Заев.

Професорот Јове Кекеновски, на својот фејсбук профил објави дека Сојузот на борци во 2014 година по повод 70 години од одржување на АСНОМ запиша: ,,На Првото заседание на АСНОМ се донесени историски државотворни решенија од големо значење и со трајна вредност за Република Македонија – Документи што трајно обврзуваат”.

И професорката Јасна Котеска која беше предводник на Шарената револуција на социјалните мрежи напиша дека премиерот некому должи и затоа се решил да ја носи Македонија кон федерализација.

“Најискрено не ми е јасно во какви должничко-доверителски односи се ставил тековниот премиер и зошто става олкави чипови за земјата, за што ниту бил гласан, ниту понудил во програмата за гласање. По многу месеци размислување, ова сигурно знам: нешто овде не е во ред, вели Котеска.

Котеска сега нема никакви дилеми дека Македонија со промена на името и Уставот ја губи својата државотворност.

“По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката, туку создавање мини федерација. Како стручњак за 19 век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е ФУД. Само сведоштво”, пишува професорката Котеска.

Таа смета дека ова што се случува не е создавање Четврта македонска држава, туку де факто губење на македонската државотворност.

Премиерот Зоран Заев, пак, на презентацијата на четирите амандмани, истакна дека верува оти на крајот сите ќе се одважат и ќе ја понесат одговорноста за на граѓаните да им се обезбеди подобар и квалитетен живот.

Нацрт-амандманите, според Заев, се донесени низ инклузивен процес и во нив се вградени и предлозите од новата Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а низ дебата ќе може да се подобри текстот на нацрт-амандманите.

И од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека во нацрт-амандманите се вградени нивните предлози. Координаторката на групата Елизабета Канческа-Милевска изјави дека се прифатени нивниот предлог во однос на гарантирањето на идентитетот, како и барањето за безусловно поништување на сите амандмани доколку Република Грција не го ратификува Договорот и повторно ги попречува евроатланските интеграции кои произлегуваат од имплементацијата на Договорот од Преспа.

Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Тие се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, а третата и последна фаза е нивното усвојување за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници. По усвојувањето на нацрт-амандманите во Собранието, тие одат на јавна расправа чие времетраење го утврдува Парламентот.

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Делот од Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, кој е спорен за Грција:

Македонци под Бугарија и Грција,

Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања